Search

Заглавените над 100 лица во Дебар вратен на пунктот кај „Бошков мост“

Поради недоразбирања на надлежните здраствени институции  конвојот кој  превезувал над 1оо лица од нашава земја, но и од неколку странски држави, и кој тргнал од Дебарските Бањи –Цапа во Бањиште  по хотелскиот карантин од 14 дена, бил вратен од полицискиот пункт кај месноста Бошков мост на излезот од Дебар кон Маврово.

Тие се вратени според градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, поради тоа што  надлежните на полицискиот пунктот утврдиле дека  и покрај хотеслскиот карантин од 14 дена , тие немале направено тестови туку им било дадена потврда од епидемилог дека се здрави. Градоначалнико  Дука изјави дека на пунктот е побарано да се почитува мерката на владата и по поминатите две недели во карантин неоходно е тие да имале  направено и тестови и од нив да им биде земен брис.

Групата од над 1оо лица од повеке градови на нашава земја но и Бугарија, Србија, Косово ,и други држаби тргна од пред хотелиоте на Дебарските бањи Цапа , по завршувањето на хотелскиот карантин  од  14 дена .

По вракањето на конвојот лицата повторно  се сместени во истиот хотел , во Бањиште .

Извор: Либертас

 

Треба да знаете
Последни објави