Search

Ахмети: ЕУ и САД гарантираат дека нема да има дополнителни барања од Бугарија

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети од Теарце порачал пред граѓаните дека се две опции во пресрет на претстојните парламентарни и втор круг на претседателски избори закажани за 8 мај. Едната опција е за интеграција на земјата во ЕУ и другата да продолжи да тапка во место. -На 8 мај ќе се реши дали ќе одиме кон интеграција или ќе седнеме на каучот. Мирна Европа не може да постои без просторите на Западен Балкан. Времето и историјата докажаа дека мирот, стабилноста и безбедноста се стабилни кога триумфираат на големи простори, во многу земји и држави. Ни посведочија многу европски личности, ако го направивте очекуваниот чекор, менувајќи го Уставот во рок од четири години, вие ќе бидете членки на Европската унија. Гледам дека отпорот е голем, патриотски отпор од македонската опозиција, дека наводно се продаваат националните интереси и дека македонската нација е во опасност од асимилација и отуѓување. Зошто ја пренесуваат оваа застрашувачка порака до другите народи, зошто го доведуваат во прашање сопствениот национален идентитет. Македонецот е Македонец, Бугаринот е Бугарин, Албанецот е Албанец, изјавил меѓу другото претседателот на ДУИ. Според него, македонската заедница ќе се зајакне со вклучувањето на Бугарите во Уставот, а гаранцијата од меѓународната заедница, од Европската унија и САД е дека нема да има дополнителни барања од бугарска страна. -Затоа не го држете во заложништво членството на земјата во ЕУ како единствена алтернатива, со која можеме да ги спречиме луѓето да бараат посилни и подобри стандарди кон европските земји, потенцирал Ахмети.

Треба да знаете
Последни објави