Бугарија ја ангажира армијата за спроведување на мерките против епидемијата

Бугарскиот Парламент одлучи да ја ангажира армијата за да помогне во спроведувањето на мерките за спречување на ширењето на новиот коронавирус, со мандат да употреби и сила ако е неопходно.

Вооружените сили ќе бидат мобилизирани за да им помогнат на цивилните власти со овластување да запрат возила и лица се додека не пристигне полицијата.

За мерката гласаа 89 пратеници, 55 беа против и двајца не беа присутни.

Бугарија има 129 потврдени случаи на Ковид-19 и тројца починати од заразата.

Државата прогласи вонредна состојба, затвори училишта, ресторани и кафулиња и ги забрани сите домашни и меѓународни патувања до 13 април.

Треба да знаете
Последни објави