Хрватска усвои пакет за поддршка на економијата во вредност од 3,9 милијарди евра

Хрватскиот Парламент прифати владин пакет мерки во вредност од 30 милијарди куни (3,9 милијарди евра) за да и помогне на економијата погодена од епидемијата на коронавирус.

Пакетот содржи 63 мерки насочени кон зачувување на работни места и плати, јави Хина. Овие мерки ќе им овозможат на претприемачите и граѓаните погодени од коронавирусот да го одложат плаќањето на јавните давачки, како што се даноците на приход и добивка, и придонесите.

Плаќањата ќе бидат одложени на три месеци, со можност за продолжување на уште три. Потоа, ќе биде овозможена отплата на тие долгови, на рати на 24 месеци без камата.

Државата ќе даде заем без камати на локалните единици на хрватскиот Институт за здравствено осигурување и Хрватскиот пензиски фонд до висина на износот што го изгубиле.

Се одложи плаќањето на туристичка членарина за деловните субјекти и приватни изнајмувачи, како и плаќањата на туристичката такса за приватни изнајмувачи.

Хрватското Министерство за транспорт привремено ќе ја запре наплатата на надоместоци за дозволи за вонреден превоз до 1 јуни 2020 година, како и привремено одложување на сезонскиот пораст на патарини од 10 проценти за возилата ИА, Група I и Група II од 15 јуни до 15 септември . Исто така, ќе биде продолжен сезонскиот „зимски” попуст на ЕНЦ (кој истекува на 31 март) до 1 јуни.

Државата, во секторите погодени од епидемија, ќе го поддржи задржувањето на работата така што, во висина од минималната плата, ќе му помогнат на секој вработен кој би останал без работата. Мерките за самовработување и вработување се привремено прекинати и тие средства се прераспоредуваат за да се задржи постојното вработување.

Треба да знаете
Последни објави