Search

Манчестер јунајтед сака да се раздели со Марсијал

Напаѓачот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Антони Марсијал, може да го напушти клубот, пренесува „Еуроспорт”.

Според изворот, раководството на клубот ги поканило застапниците на 25-годишниот Французин да најдат нов клуб за играчот.

Во исто време, самиот фудбалер би сакал да ја продолжи кариерата во Премиер лигата.

Манчестер јунајтед има намера да заработи 45 милиони евра од продажбата на Марсијал.

Минатата сезона Марсијал одигра 36 натпревари на кои постигна седум гола и оствари девет  асистенции.

Треба да знаете
Последни објави