Skip to main content
Скопје

150 семејства Гази Баба, а се во социјален ризик добија хуманитарна помош во пресрет на Велигден

18/04/2025  12:28

Во чест на Христовото Воскресение – Велигден, тимови на општина Гази Баба во соработка со Црвениот крст на Македонија посетија 150 семејства во социјален ризик. На терен беше и градоначалникот на општината Бобан Стефковски.

– Исус Христос е пример за љубов и хуманост. Христос ни докажа на дело дека добрината е најубавата облека што може да ја облечеме. Да подадеме рака, да помагаме на сите оние на кои им е потребна помош.. Милоста Божја нека биде со сите нас… – порача тој во пресрет на најголемиот христијански празник.