Skip to main content
Хроника

Тракторист се бори за живот откако со трактор излетал од пат и се превртил

13/04/2025  16:11

Вчера во Полициската станица Берово било пријавено дека околу 18.00 часот во село Митрашинци, беровско, на некатегоризиран пат, на место викано „Симоновски колиби“, И.Л.(64) од с.Митрашинци, управувајќи трактор излетал од патот и се превртел.

Поради сериозноста на повредите тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.