Skip to main content
Хроника

Измамен за посредување работа во странство, жител на неготинско останал без 77.461 денар

11/04/2025  16:34

Во четвртокот во 12:00 часот, во ОВР Неготино, 39- годишник од неготинско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 77.461 денар. Тоа му ветило дека ќе посредува за работа во странство.

„Во 12:00 часот, во ОВР Неготино, 39-годишник од неготинско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 77.461 денар. Според пријавеното, тој стапил во контакт со лицето преку група на социјална мрежа за посредување за работа во странство, по што разговарале и телефонски. Тоа му ветило дека ќе му обезбеди работа во странство“, појаснуваат од СВР Велес.

Како што било пријавено, од февруари до пријавувањето, во неколку наврати ги уплаќал парите преку банка, но немало резултат и сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.