Skip to main content
Хроника

Полицијата во Кичево привела 14-годишник поради тоа што допирал по телото на 4-годишно женско дете

11/04/2025  12:47

На 10.04.2025 во Кичево полициски службеници од ОВР Кичево лишиле од слобода 14 – годишен малолетник од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во домот на соседите допирал по телото четиригодишно женско дете.

Во присуство на родител, претставник на Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници, во ОВР Кичево со него бил извршен службен разговор.

Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена пријава за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, по член 188 став 5 од Кривичниот законик.