Заев: Продолжуваме со грижа за најранливите, градиме општество со еднакви можности за сите

Продолжување на грижата за ранливите категории граѓани преку зголемување на опфат со социјална помош и детски додаток, зголемување на висината на сите права за попреченост, вложување во ран детски развој преку зголемување на опфатот на деца во предучилишно образование, изградба на градинки, поддршка и помош за повозрасните преку изградба нови старски домови и развој на нови услуги за поддршка, изградба на 777 станови за ранливи категории и млади брачни парови, најави лидерот на СДСМ Зоран Заев доколку ги освојат гласовите на граѓаните на претстојните парламентарни избори.

Од општество кое газеше врз достоинството на ранливите граѓани, рече тој, се трансформиравме во општество кое се грижи за сите и обезбедува еднакви можности и услови сите да уживаат еднакви прав.

-До крај на следниот мандат социјалната помош која сега е поголема за 300 отсто ќе се прошири и ќе ја примаат 34 илјади семејства како гарантирана минимална помош, а 65 илјади деца ќе примаат детски додаток. Вложуваме во најмладите и до 2024 година со предучилишно  образование ќе опфатиме 60 отсто деца на возраст од три до шест години. 10.000 деца ќе добијат современи услови за квалутететен раст и развој. Ќе ги ослободиме од плажање партиципација детска градинка сите деца од семејтва со ниски приходи, рече Заев на денешната прес-конференција.

Сакаме, рече Заев, најранливите да имаат сигурен дом и затоа во следниот мандат ќе изградиме 777 социјални станови за ранливи категории и за млади брачни парови. Се гриѓиме тие да можат и полесно да јандат работа и затоа за 30 отсто ќе ги зголемиме средствата за преквалификација, тренинг и практична работа.

-Градиме систем за надминување на пречките со кои се соочуваат лицата со попреченост. Согласно новата програма сите права за попреченост ги зголемуваме за 15 отсто во 2021 година. Дополнително ја намалуваме границата за користење на правото за попреченост од 26 на 18 години, а ќе направиме се до 2024 година да нема ниту една јавна институција без пристапна рампа, рече заев,

Тој најави и помош и поддршка за највозрасните преку иградба на три домови за стари лица во Скопје, Кочани и Пробиштип, како и 10 нови центри за активно стареење и услуга за помош и нега во домот во вклупно 65 општини.

Продолжува, рече лидерот на СДСМ, грижата за работници и нивните права со почести контроли за почитување нивно почитување.

-Недела да биде неработен ден за сите кои сакаат да бидат со своите семејства. Минималната плата ја качуваме на 18 илјади денари затоа што секој заслужува да му се цени трудот на работното место. Нема напредок во едно општество ако нема грижа за сите, рече Заев додавајќи дека работат на изградба на ер и праведно општетство кое се темели на принципи и вредности и еднаква грижа, затоа што, како што рече, само такво општество може да води кон напредок,  интеграција и подобро утре за сите.

Треба да знаете
Последни објави