Во Кина сѐ помалку заразени од коронавирус, затворена првата импровизирана болница

Во кинескиот град Вухан, жариштето на коронавирусот, затворена е првата импровизирана болница, една од 16-те кои набрзина беа изградени во борбата против епидемијата.

Болницата била затворена во време на нагло опаѓање на нови случаи на зараза во провинцијата Хубеи. Во моментов, во областа се пријавени помалку од 200 случаи на нови инфекции, што е прва ниска бројка на новозаразени од јануари.

Според Националната здравствена комисија, во неделата биле потврдени 196 нови случаи во покраината Хубеи, што е значително намалување од 570 новозаразени лица само еден ден порано, објави „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави