
Каде ви е пиштолот, го праша судијата Ивица Стефановски обвинетиот Боре Видевски.
Не знам. Но тоа не од сега туку од поодамна. Дека не е најден разбрав при претресот, но не ми текнува каде е ставен. 2017 беше последната евиденција во полиција кога требаше да се менуваат дозволите. Но и тогаш не го носев. Последен пат сум го видел две години пред тоа. Многу поодамна беше на разни места во куќата а каде не ми текнува. Јас го имам изнесено но се сеќавам каде го имам дислоцирано, мислам беше надвор. Не знам зошто го изнесов од дома, вели тој.