Skip to main content
Македонија

Студентски пленум: Вечерва на еден час да ги изгасиме светлата во домовите – да го покажеме мракот кој не обви

20/03/2025  15:22

Од студентскиот пленум излегоа со апел денес, вечерва од 20 часот до 21 часот сите во домовите да ги исклучиме светлата со цел да го покажеме мракот кој не обви сите нас по оваа невидена трагедија.

“ДРАГИ СОГРАЃАНИ
Вечерва, 20.03, од 20:00 до 21:00 часот, да се повлечеме во нашите домови и да ги изгасиме светлата.

Ве повикуваме сите – во секој град, село, населба и маало-да го покажеме мракот што не обви и да ги оставиме улиците празни.

Нека молкот зборува – во чест и сеќавање на оние што прерано заминаа”, се вели во нивиот апел споделен на социјалните мрежи.