Skip to main content
Македонија

Странски медиум го пренесува погребот во живо – МВР одма побара да прекинат, но продолжија

20/03/2025  14:06

Странски медиум во живо го пренесува погребот од Кочани и покрај апелот на родителите, семејствата и институциите, тоа да не се прави. Додека ги носат ковчезите еден од странските медиуми непрестранато врши емитување.

платено политичко рекламирање

Веднаш имаше реакција од Минситерството за внатрешни работи, кои отидоа до медиумските екипи и кажаа дека има замолница од семејства, да се престане со преносот во живо.

Но и покрај ова, продолжија да го прават истото.

Името на медиумот не го споделуваме, ниту линкот – со цел истиот да не се шири.

„ЗНМ потсетува дека известувањето од денешниот погреб мора да биде во согласност со претходно утврдениот протокол и со основните принципи на професионалната етика. Објавувањето на фотографии и видеа со гробни места, блиски членови на семејствата и приватни моменти претставува директно кршење на препораките за етичко известување и нарушување на достоинството на засегнатите лица. Ги повикуваме оние неколку медиумски работници и редакции кои отстапуваат од протоколот, да покажат почит и одговорност, да не објавуваат содржини што можат да предизвикаат дополнителна болка и да се придржуваат кон стандардите на етичко новинарство. Новинарството е во служба на јавниот интерес, но никогаш на сметка на човечкото достоинство“, стои во апелот на ЗНМ.