Search

Трамп: Се чини дека Иран се повлекува, но американските сили се подготвени за се

– Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ниту еден американски војник не е повреден во иранскиот напад врз двете американски бази во Ирак.Тој на прес-конференција изјави дека во нападите има направени минимални штети.

– Немаме никакви последици. Сите наши војници се безбедни и е направена минимална штета на нашата воена база, рече Трамп. Жртвите според него се избегнати благодарени на системот за рано предупредување.

Според него, американските сили се подготвени за се, но засега се чини дека Иран се повлекува.

– Изгледа дека Иран се повлекува, што е добро за сите страни и многу добра работа за светот, нагласи Трамп.

Според него, додека е претседател, на Иран никогаш нема да му биде дозволено да поседува нуклеарно оружје. Тој ги повика Велика Британија, Кина, Германија, Франција и Русија да работат на нов договор со Иран. Исто така тој најави дека од НАТО ќе побара поактивно учество во актуелните процеси на Бликсиот исток.

Тој рече дека откако го презеде функцијата претседател, САД станале енергетски независни.

– Ние сме првиот производител на нафта и природен гас во светот. Ние сме независни и немаме потреба од нафта од Блискиот исток, наведе Трамп.

Треба да знаете
Последни објави