Алушовски нов тренер на Вардар

Поранешниот тренер на Еурофарм Работник, Стевче Алушовски е нов тренер на Вардар, дознава Гол.мк.

Во тимот од „Јане Сандански“, Алушовски доаѓа како замена на Едуард Кокшарoв, кој беше привремено решение по прекомандата на Давид Писонеро од прв тренер, во асистент.

Вардар ќе биде третиот клуб на Алушовски во својата тренерска кариера, откако претходно ги водеше битолските екипи Пелистер и Еурофарм Работник.

(Фото): 24 Ракомет

Треба да знаете
Последни објави