Skip to main content
Македонија

Балканот, како и цела Источна и Југоисточна Европа на удар на Арктички ладен воздух во првата половина од Ноември!

30/10/2024  13:32

Метео анализа на Славчо Попоски:

Октомври ќе го завршиме во знакот на претежно стабилно, суво и сончево време со натпросечни температури на воздухот, кои повторно во југоисточните предели ќе надминуваат 20 степени. Позитивни ќе бидат и минималните утрински температури на воздухот.

Како што долго време најавувам, во првата половина од месец Ноември, почнувајќи од викендот кој доаѓа, цела Источна  и Југоисточна Европа, вклучувајќи го и Балканот ќе бидат зафатени од многу поладен воздух од Арктикот, но и покрај ова  и понатаму останува стабилното и сушно време.

Во многу делови од Балканот, како и од источна Европа го очекувамке и првиот посериозен мраз во утринските часови за оваа сезона.  На многу места температурите ќе се спуштаат под нулата, локално тие ќе се спуштаат до околу, па  и под -5 степени, а во планинските предели и до близу -10 степени.

Максималните дневни температури пак исто така ќе бидат под просекот за првата половина од Ноември и ќе се искачуваад до околу, локално и под 10 степени. Во Македонија очекуваме слични температури, но со тоа што локално температурите ќе се искачат  и малку над 10 степени, особено во југоисточните предели.

Се на се, во првата половина од Ноември зимата ќе ни го зададе својот прв сериозен нејзин удар, кој особено ќе го почувствуваме во ноќните  и во утринските часови.

Мора да напоменам дека овој ладен бран ќе биде проследен и со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, особено Долж Повардарието.