Клоп е лут на критериумот од судијата Тирни

Ливерпул на гостувањето кај Тотенхем во 18. коло од англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција одигра 2:2 и заостана зад лидетор Манчестер сити во трката за титулата три бода. Тотенхем прв постигна гол, но Ливерпул направи резултатски пресвет 2:1, а сепак на крајот не го освои целиот плен.

Ливерпул последните 15 минути од мечот ги доигра со играч помачлку поради исклучувањето на Робертсон, поради што тренерот на „црвените“ германскиот стратег Јирген Клоп му беше лут на судијата Пол Тирни. Трофејниот тренер на Ливерпул, Клоп смета дека судијата нема еднаков критериум и во првото полувреме не му покажал црвен картон на домашниот играч Хари Кејн за опасен старт. Капитенот на Тотенхем, Кејн помина само со жолт картон, а Робертсон за сличен старт беше испратен предвреме во соблекувалната.

-Кејн требаше да добие црвен картон. Ако ногата на Робертсон беше на земја, сега ќе му беше скршена. За среќа на двајцата, ногата беше во воздух, но сепак тоа уште е старт за црвен картон. Само судијата виде дека не е за исклучување. Чудно е и како немаше пенал врз Диого Жота, изјави револтираниот Клоп по мечот.

Германецот не издржа и директно на судијата Тирни му ги кажа забелешките кои ги имаше. -Немам проблеми со ниту еден од другите судии. Само со тебе, му рече Клоп на Тирни.

 

Треба да знаете
Последни објави