Skip to main content
Хроника

Изгубил контрола управувајќи „Томос”, тешко повреден 71-годишен битолчанец

11/03/2025  15:09

На 10.03.2025 во 12:10 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Битола, Д.И.(71) од Битола, управувајќи мопед „томос” со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Притоа, Д.И. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.