Skip to main content
Македонија

На барање на СДСМ ќе се одржи јавна расправа за Концепцијата за гимназиско образование

10/03/2025  19:42

Собраниската Комисија за образование, наука и спорт, на денешната седница го усвои предлогот на пратеничката на СДСМ, Даниела Николова за одржување на јавна расправа за Предлог Концепцијата за гимназиско образование. 

MK Summit

Целта на расправата како што рече Николова е да се обезбеди поширока дискусија по прашањата поврзани со реформите во гимназиското образование.

„Кога станува збор за образованието треба да се слушнат аргументите на стручната фела и да се изнајде најдоброто решение за нашите деца. Целта е да се отвори платформа за конструктивна дебата која ќе доведе до подобри и поквалитетни образовни политики.Време е да се слушне гласот на стручната фела. Време е за вистинска дебата“, рече Николова.

Во дискусијата треба да бидат вклучени наставници, експерти од областа на образованието, претставници од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Сојуз на средношколци и други релевантни фактори.

Николова на седницата посочи дека  образованието е клучен фактор за идниот развој на државата, и затоа е потребно поширока дискусија за сите аспекти на предложената концепција.