Skip to main content
Хроника

Приведени дрвокрадци во Неготинско

10/03/2025  15:01

Вчера, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Н. Н. (21), Ф. М. (21) и С. А. (25), сите од село Криволак, Неготинско.

Тие биле забележани како на воениот полигон Криволак со моторна пила сечеле дрва.

Притоа Ф. М. и С. А. побегнале, а Н. Н. бил фатен и од него биле одземени дрвата и моторната пила по што бил приведен во полициска станица.

Набргу, по преземените мерки, биле пронајдени и приведени и Ф. М. и С. А. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава.