
Министерството за надворешни работи на Велика Британија денеска ги осуди „злонамерните и неосновани“ обвинувања за наводна шпионажа што ги наведе руските власти да протераат британски дипломати.
„Ова не е првпат Русија да изнесува злонамерни и неосновани обвинувања против нашиот персонал“, изјави портпарол на Форин Офисот.
Лондон ги отповика акредитивите на руски дипломат на почетокот на февруари, како одговор на протерувањето на британски дипломат во ноември од страна на Москва.
Руската служба за безбедност (ФСБ) денеска ја објави својата одлука да протера двајца британски дипломати поради сомневање за шпионажа.