Skip to main content
Свет

(ВИДЕО) Трамп: Зеленски земаше пари од САД како мало дете бонбони

09/03/2025  18:49

Во интервју за Фокс Њуз, претседателот на САД Доналд Трамп повторно упати критики кон Зеленски. Тој изјави дека претседателот на Украина е силен и паметен човек, но дека се однесува како парите од САД да се бонбони, а тој мало дете.

„Да бев јас претседател, никогаш немаше Русија да влезе во Украина“, додаде во интервјуто Трамп, обвинувајќи го Бајден за сите моментални светски конфликти, како и за очекувањето на финансиска помош од САД за Украина.

На прашањето дали тој всушност ја зема страна на Русија, Трамп одговори дека ниту еден претседател не бил толку строг со Русија колку тој. Претседателот исто така ја нагласи опасноста од нуклеарната војна како најзагрозувачки фактор за човештвото моментално.