Skip to main content
Свет

Трамп: Одам во Саудиска Арабија да потпишам договор вреден билион долари

07/03/2025  08:31

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека најверојатно ќе го направи своето прво патување во странство во Саудиска Арабија за да потпише договор со Ријад за инвестирање повеќе од илјада милијарди долари во американската економија, вклучително и купување воена опрема.

Трамп рече дека најверојатно ќе отпатува таму во текот на следниот месец и половина.Тој одаде дека неговото прво патување во странство за време на неговиот прв мандат било во Ријад во 2017 година за да ги објави инвестициите во Саудиска Арабија, тогаш проценети на 350 милијарди долари.

Според него, Саудијците се подготвени да инвестираат илјада милијарди долари во текот на четири години во американски компании, вклучително и купување американска воена опрема.

Специјалниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, им изјави на новинарите дека Саудијците ќе бидат домаќини на американско-украинскиот состанок следната недела каде ќе се разговара за прекин на огнот во војната во Украина.