Skip to main content
Скопје

Гази Баба објави јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди

06/03/2025  14:15

Општина Гази Баба објави јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди.

Предмет на јавниот повик е надоместување до 50% од трошоците за купување на високоефикасни инвертер клима уреди, но не повеќе од 30.000,00 денари. Средствата се обезбедени согласно Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2025 година.

– Ќе бидат надоместувани дел од трошоците за купување на високоефикасни инвертер клима уреди за 2025 година од денот на објавување на овој јавен повик. Ги повикувам граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат, објави градоначалникот Бобан Стефковски.

Повикот може да го најдете на следниов линк.