Skip to main content
Забава

Лазаров: Боки 13 е човекот кој мене ми дал работа, со мојот поткаст не му дадов шанса да се покаже, двајцата имавме добивка

24/02/2025  14:21

Јутјуберот Стефан Лазаров за прв пат по фијаското со наградната игра која ја организираа со Бојан Јовановски, јавно проговори за неговиот однос со Боки на поткастот на Сител телевизија.

Тој вели повеќе не го почитува Боки и соработката со него завршила, но не е подготвен да проговори и да каже што точно се случило иако сите знаат дека нешто се случило со нив двајца.

Вели Боки е човекот кој прв го вработил и му дал шанса, си имал своја слика во главата за него, онака како што тој го замислувал и во проектот вели влегол со чесна намера, а работата заврши како што заврши и Боки се повлече.

Водителот го запраша и што мисли за моментот што тој преку својот поткаст му овозможи на Боки да ја каже својата страна на приказната со затворот и сите претходни обвинувања, како и за тоа дали сега се чувствува прелажам, на што Лазаров одговори:

– Јас ништо не му овозможив, секој кој се занимава со оваа работа сака да добие ексклузива. Ништо јас не сум му дал, напротив и јас со тоа интервју добив затоа што баш на мојот медиум дојде и кажа тоа што кажа. Јас имам таков принцип на работа што ги оставам гостите да си го кажат тоа што го имаат, па публиката да го оцени тоа што имаат да го кажат. Јас со нив не се контрирам, можеби тој го одбрал мојот медиум за да се појави баш поради таа работа, зошто можеби некој друг новинар би му контрирал. Во случајот јас добив гледаност, мојот поткаст расте и тоа е единствената причина.

Тој додаде дека во овој момент не би зборувал ништо повеќе затоа што се уште има емоции на темата и не сака да каже нешто погрешно, но повеќе Боки не го почитува.