Јоханес Шторлц ја продолжи семејната традиција, го освои златото во комбинација

Јоханес Штролц го освои златниот медал во алпска комбинација, на 24. Зимски олимписки игри. За Австриецот ова е најголемиот успех во кариерата. Јоханес во Пекинг ја продолжи семејната традиција, неговиот татко, Хуберт, во истата дисциплина го освои златниот медал на Олимписките игри во Калгари во 1988 година.

Хуберт и Јоханес Штролц се првите татко и син со златни медали во алпско скијање на Олимписките игри.

Јоханес одлично ја возеше трката во слалом, што му овозможи да се искачи на највисокото скалило на победничкиот пиедестал. Во слалом, Штролц беше најбрз (47.56). Претходно во спуст имаше резултат (1:43.87).

Со вкупно време 2:31.43 минути, Штролц ги победи Александер Омот Килде, кој беше најбрз во спуст и Џејмс Јрофорд.

Треба да знаете
Последни објави