Skip to main content
Свет

Иран го егзекутира иранско-германскиот затвореник Шармад, обвинет за тероризам

28/10/2024  22:00

– Иранско-германскиот затвореник Џамшид Шармад, кој беше заробен од иранските безбедносни сили во Дубаи во 2020 година, е погубен во Иран откако беше осуден за тероризам, соопшти денеска локалното правосудство.

Иран, исто така, го обвини Шармад дека на телевизија во 2017 година „открил доверливи информации“ за ракетните локации на иранската Револуционерна гарда.

Неговото семејство ги оспори обвиненијата и работеше со години за да го ослободи.

Шармад беше во Дубаи во 2020 година, обидувајќи се да отпатува во Индија за да склучи договор за неговата софтверска компанија, а неговото семејство последен пат се слушнало со него на 28 јули.

Два дена подоцна, Иран соопшти дека го заробил Шармад во „софистицирана операција“.