
Две лица од Куманово биле приведени вчеравечер по пријава дека физички нападнале сограѓанин со употреба на тврд предмет.
– На 19.02.2025 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Т.Ј.(43) и Т.И.(33), постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Босанска“ во Куманово физички го нападнале Е.О.(41) од Куманово, при што употребиле и тврд предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.