Skip to main content
Свет

Австрија: Уапсен тинејџер, планирал напад на железничка станица во Виена

19/02/2025  15:28

Австриските власти уапсија 14-годишник под сомнение дека планирал напад на железничката станица Вестбанхоф во Виена, објави денеска австриската агенција АПА.

Тинејџерот беше уапсен, а во неговата куќа беа пронајдени предмети кои сугерираат дека ја поддржува Исламската држава.

Извештајот следи по нападот со нож во јужниот град Филах во саботата, во кој 23-годишен бегалец од Сирија е осомничен дека убил тинејџер и ранил пет лица, јавува Ројтерс.

Според австриските власти, тој човек се радикализирал откако гледал исламистички видеа на социјалните мрежи, пренесува Танјуг