
Сите десет Формула 1 тимови ги претставија своите болиди за претстојната сезона во лондонската „О2 Арена“, како дел од историскиот настан во чест на 75 години од шампионатот.
Aston Martin absolutely COOKED 👏#F175LIVE @AstonMartinF1 pic.twitter.com/aPq0JXDJe0
— Formula 1 (@F1) February 18, 2025
Преполната сала со овации ги поздрави сите возачи, но очекувано најгласна поддршка имаше миленикот на домашната публика Луис Хамилтон. Од друга страна, секогаш кога се споменуваше Светската автомобилистичка федерација, следеа свирежи.
Секој од 10. болиди е претставен на различен начин, со светлосни ефекти, и музичка подлога во согласност со историјата на секој тим.

Најголемата промена има кај Ферари, на црвената боја и додаде малку бело на крилата. Ред Бул остана идентичен, Мекларен е сè уште папаја портокалов, а Мерцедес е сребрен.

Астон Мартин остана верен на својата зелена нијанса, Кик Заубер на својата светкава, а Вилијамс на сината, додека Алпин не се откажува од розово-сината комбинација. Хас е сè уште црно-бел со примеси на црвено, додека најголемата промена всушност е кај тимот на РБ, кој доби малку поголемо брендирање од Ред Бул и наликува на болидот на австрискиот тим од Турското ГП 2011 година.
Bet you didn’t see this one coming 😏#F1 #VCARB #F175LIVE pic.twitter.com/iv5PLfKvzr
— Visa Cash App Racing Bulls F1 Team (@visacashapprb) February 18, 2025
Спектакуларната презентација ја најави сезоната за која мислењата се дека може да биде една од најинтересни во историјата.
Причина за тоа е фактот што од средината на минатата сезона ривалите се израмнија со Ферстапен и Ред Бул, а на тоа поткрепува и фактот што Мекларен ја освои титулата кај конструкторите.

Пред почетокот на акцијата, за нешто повеќе од три недели, Ферстапен останува водечки кандидат за титулата, но не толку голем како претходните години. Негови главни конкуренти се секако возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, додека Луис Хамилтон и Шарл Леклер од Ферари исто така гледаат на нивната шанса, како и Џорџ Расел во Мерцедес. За останатите останува да видиме дали заслужуваат да бидат во тоа друштво.
Најдобрите возачи на денешницата следната недела ќе бидат во Бахреин на претсезонски тестирања, а новата сезона започнува со Големата награда на Австралија на 16 март.