Skip to main content
Македонија

МРТВ со екстравагантна вечера: Луксузно мени вредно илјадници евра!

19/02/2025  08:59

Македонската радио-телевизија (МРТВ) организира свечена вечера со високи трошоци за делегацијата на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која ќе се одржи на 5 мај годинава. Настанот ќе трае неколку дена, а вкупните финансиски издатоци засега не се официјално објавени. Сепак, според достапните информации, само потрошувачката за сирењето ќе достигне неколку стотици евра, што предизвикува реакции во јавноста.

Како дел од луксузното мени, ќе биде послужено Big Woods Blue, ексклузивно сино сирење, чие килограмско парче може да чини и до 100 евра. Покрај оваа деликатесна ставка, гостите ќе уживаат и во тропски ракчиња, димена патка, шафранова паеља, специјално маринирани зеленчуци, печен анасон со лубеница, жолт домат мариниран со босилек, ананас и папаја, школки, арборио ориз со шафран, како и црвен дабов лист.

Според техничката спецификација на настанот, вечерите ќе се организираат во повеќе фази, што значи дека крајниот износ за оваа свеченост може да достигне илјадници евра. Оваа вест предизвикува реакции во јавноста, особено поради фактот што станува збор за државен сервис кој се финансира со јавни средства. Останува да се види дали МРТВ ќе објави официјални информации за вкупните трошоци на овој престижен настан.