Skip to main content
Македонија

Насекаде минусни температури, над нулата само во Демир Капија и Гевгелија

19/02/2025  08:56

Најстудено утрово е на Попова Шапка со – 12 степени, -9 е во Маврови Анови, -8 во Крушево, -6 во Берово, -5 во Крива Паланка, -4 во Прилеп, -3 во Штип и Виница, -2 во Тетово, Охрид и Битола, -1 во Скопје, 0 во Велес, Кавадарци, Струмица, а над нулата е само во Демир Капија со 1 и во Гевгелија 2 степена, соопшти УХМР.

Висината на снежната покривка во 7 часот утрово е 32 сантиметри на Попова Шапка и 7 сантиметри во Маврови Анови.

Наутро променливо облачно, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западниот дел. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.

Во Скопје наутро претежно облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, во делови од котлината и особено на повисоко повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.