Skip to main content
Uncategorized

Уште еден силен земјотрес ја погоди јужна Грција: Потрес во близина на Закинтос

18/02/2025  18:20

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во вторник на 18 февруари 2025 година во 17.54 часот во Грција.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал недалеку од Закинтос.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10,5 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.