Skip to main content
Свет

Рубио и Лавров се договорија да назначат тимови на високо ниво

18/02/2025  15:20

Американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се договорија денеска на средбата во Ријад да назначат тимови на високо ниво кои ќе почнат да работат на брзо решавање на украинскиот конфликт, соопшти Стејт департментот.

„Рубио и Лавров се договорија да назначат тимови на високо ниво кои ќе почнат да работат што е можно поскоро за да се стави крај на војната во Украина“, изјави портпаролот на Стејт департментот, пренесе Ројтерс.

Како што наведе тој, двајцата официјални претставници, исто така, се согласиле да создадат механизам за консултации за елиминирање на „попречувачките фактори“ во американско-руските односи.