Skip to main content
Македонија

По само една недела, Цалева се повлече од функцијата шефица на Вишото јавно обвинителство

18/02/2025  13:39

Jавната обвинителка Наташа Крстевска-Цалева во текот на вчерашниот ден во краток допис побарала да биде ослободена од функцијата шефица на Вишото јавно обвинителство Скопје на којашто беше назначена пред осум дена, информираше претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриевска.

Како што соопшти Димитриевска, во дописот било наведено: „Со оглед на тоа што сум штотуку дојдена во ВЈО Скопје и имам потреба да се фокусирам на предметни работење, молам да бидам ослободена од оваа задача на која подобро би одговорил јавен обвинител со поголемо работно искуство“.

Советот на јавни обвинители на следната седница ќе одлучува по барањето Крстевска-Цалева.