Skip to main content
Македонија

Муртезани во Варшава на неформалниот состанок за Советот за општи работи (ГАК) на ЕУ

18/02/2025  11:46

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска учествуваше на неформалниот состанок на Советот за општи работи (ГАК) на Европската Унија, кој во рамки на Полското претседателство, вчера и денес се одржува во Варшава.

Тој истакна дека дезинформациите, кибернападите и обидите за дестабилизација на демократијата се дел од поширока стратегија за поткопување на европските вредности и довербата во процесот на проширување. Во тој контекст, ја потенцираше важноста од зајакната соработка со ЕУ во областа на кибербезбедноста, размена на информации и интегрирање на земјите кандидатки во европските механизми за безбедност.