Skip to main content
Хроника

Мотоциклист излета од патот кон Табановце, тешко е повреден

15/02/2025  13:11

Moтоциклист се здобил со тешки повреди откако излетал од патот кон Табановце.

„На 14.02.2025 околу 13.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце-исклучок за с.Долно Коњаре, мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Н.М.(27) од Куманово, излетал надвор од коловозот“, објави МВР.

Пренесен е во болница, а на местото на несреќата извршен бил увид.