
Вчера во 14.10 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, при влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 55-годишниот Е.Б. од Косово откако при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол.
Од МВР соопштуваат дека тој e предаден на полициски службеници од Интерпол за понатамошна постапка.