Skip to main content
Хроника

Тешко повреден жител на Кривогаштани откако со возило излетал надвор од патот

15/02/2025  12:13

Вчера во 17.30 часот во ОВР Прилеп било пријавена сообраќајна несреќа која се случила на патот Р512 од с.Крушеани кон с.Обршани. Патничко возило со крушевки таблички управувано од 51-годишниот Ж.Н. од с.Кривогаштани, излетало од коловозот.

„Ж.Н. е пренесен во Општа болница Прилеп, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп“, известуваат од МВР.