Српски камион удрил во два автомобили кај Будимпешта, седуммина загинати

Седум лица загинаа во страотна сообраќајна несреќа во Унгарија, во која се судриле камион и две возила, кои потоа се запалиле.

Камион со српски регистарски таблички и две други возила се судриле изутринава на автопат во Унгарија кај местото Кистелек крај Будимпешта.Сите возила изгореле, при што загинаа седум лица.

Според првичните информации, камионот ја пробил заштитната ограда и се движел во спротивна насока. Возачот на камионот не е повреден во несреќата. Сообраќајната несреќа се случила околу три часот наутро, а истрагата е во тек. Автопатот е целосно затворен за сообраќај, пренесува Блик.ху.

Треба да знаете
Последни објави