Дебатата дали треба летно или зимско мерење на времето во ЕУ ќе финишира во 2021 година

Денеска е првиот работен ден по промената од летно на зимско сметање на времето. Стрлеките на часовниците се вратија за еден час наназад. ЕУ најви дека во 2021 година ќе биде направено последното поместување на стрелките на часовниците, но во меѓувреме треба да падне договор дали тие ќе останат на зимското или летното сметање на времето.

Денеска во светото дури 110 од 192 држави го користат летното сметање на времето. Системот на промена на времето не се користи во Кина, Јапонија, Јужна Кореја и ширум африканскиот континент, каде оваа промена на временската зона никогаш не се здоби со широка полуларност.  Што се однесува до Европа, иако долго во ЕУ се зборува за укинување на оваа пракса, со вакви поместувања на стрелките од часовникот, како и адаптација на биолошкиот часовник кај граѓаните нема најголемата држава Русија. Во почетокот на 2011 година тогашниот претседател на Русија Дмитри Медведев  донесе одлука во оваа земја да се прекине со поместувањето на стрелките од часовниците. Така Русија на 27 март 2011 година последен пат го смени сметањето на времето останувајќи на летното мерење. Со тоа Русија му се придружи на Исланд кој до сега беше единствената европска земја кој не ги менува стрелките на часовниците. Оваа година ќе им се придружи и Турција.

Меѓутоа одлуката Русија засекогаш да остане земја во која ќе има летно сметање на времето не помина кај населението на таа земја. Ѓраѓаните во Русија не сакаа да стануваат еден час порано во текот на зимските месеци. Затоа сегашниот руски претседател Владимир Путин во 2014 година потпиша декрет со кој во октомври земјата ја врати на зимското сметање на времето кое останува да важи во текот на целата година.

 

 

Треба да знаете
Последни објави