Skip to main content
Балкан

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство – Осомничен е сопругот

13/02/2025  19:26

Обвинителството на кантонот Тузла соопшти дека смртта на Инела Селимовиќ (37) и нејзиниот 13-годишен син најверојатно настанала со задушување, а наредена е обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

За убиството е осомничен сопругот на Инела и татко на убиеното момче, Емир Селимовиќ (38), кој се бара на ниво на БиХ.

Во соопштението на Обвинителството на кантонот Тузла се наведува дека обвинителот и истражителите од Секторот за криминалистичка полиција на Полициската управа на кантонот Тузла синоќа извршиле увид во семеен стан во Калесија, каде во вечерните часови биле пронајдени две безживотни тела.

Сопругата и синот најверојатно се убиени со давење. Денеска ќе биде извршена обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.