Skip to main content
Хроника

Скопјанец се тепал со возач и бил агресивен кон полицајци поради недоразбирање во сообраќајот

13/02/2025  17:09

Вчера во 15.58 часот во СВР Скопје, В.С.(40) од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од С.С.(37) од Скопје.

Ноќта, пак, во 00.15 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Н.(42) од Скопје, затоа што, по претходно недоразбирање во сообраќајот, го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со Д.П.(25) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Од МВР велат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.