![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2025/02/albanija-425666.jpg)
Опозициските пратеници ја блокираа говорницата на денешната седница во Парламентот на Албанија, кога збор зеде министерот за внатрешни работи, Таулант Бала.
Во еден момент од судирот бил забележан пратеникот на ПД Петрит Дода како го искорнал микрофонот и се обидел да го удри Бала.
Службениците за ред и мир излегоа и на говорницата и се обидоа да ја смират ситуацијата, по што седницата продолжи со уште една пресметка меѓу министерот Таулант Бала и пратеникот на Демократската партија, Фламур Нока.
Нока беше исфрлен од седницата од страна на спикерката Елиса Спиропали, откако се обиде да го удри Бала. Тој бил сопрен од редарите додека фрлал шише кон Бала, пренесуваат албанските медиуми.