Хелен Мирен откри дека не прекинала со шминкање додека се самоизолирала во екот на пандемијата бидејќи сакала да ја поттикне својата самодоверба.
75-годишната актерска легенда не дозволила стандардите за убавина да паднат среде пандемија, и тоа не го сторила за нејзиниот сопруг, режисерот Тејлор Хакфорд, туку за себе затоа што сакала да се чувствува убаво и гламурозно иако била заглавена дома.
Во интервју за „Пипл“, таа откри: „Секој ден ставав шминка. Не го правев тоа за Тејлор затоа што Тејлор тоа никогаш не го забележува. Тој ме прашува дали сум нашминкана или не, и не му е важно, но секако не приметува.“
„Понекогаш на прилично збунет начин ќе каже: Изгледаш навистина убаво. Фактот дека изгледам убаво го поврзувате со фактот дека еден час поминав на шминкање! Но, јас сакам да се шминкам и да се дотерувам секој ден затоа што уживам во тоа.“
„Чувствував дека го живеам својот живот како што треба. Значи, тоа всушност беше добро искуство за мене.“
Хелен се врати на филмската екстраваганца на Канскиот фестивал, каде присуствуваше на проекција на мјузиклот „Анет“. На црвениот тепих се појави во вибрантно жолт фустан, раскошна креација на „Долче и Габана“.
Со својата појава и совршен избор на стајлинг, Хелен покажува како треба да биде облечена вистинска дама.
Оскаровката секогаш се наоѓа на листата најдобро облечени на бројните холивудски настани на кои се појавува во уникатни креации.
Како што самата вели, нејзината тајна е во тоа што никогаш не ги смета нејзините години за пречка кога треба да одбере што ќе облече за која било пригода.