Skip to main content
Хроника

Градоначалник на Шуто Оризари во инцидент со инспектори од Град Скопје

12/02/2025  16:37

На 11.02.2025, околу 10:30 часот, инспектор во град Скопје, З.Г., пријавил во СВР Скопје дека при вршење на службени дејствија во близина на дива депонија на ул. 2бб, бил навредуван и закануван од К.Д., градоначалник на Шуто Оризари. Според информациите, К.Д. не само што ги навредувал инспекторите, туку и ги попречувал во земањето на мостри, што го довело до пријавување на инцидентот.

По неколку часови, околу 13:10 часот, исто така на 11.02.2025, К.Д. пријавил дека за време на инспекциски надзор на отпад на неговиот имот во Шуто Оризари, вработен во град Скопје, Ф.С., му упатил закани.

Се преземаат мерки за расчистување на двата инцидента, а полицијата активно работи на утврдување на фактите и околностите.