Skip to main content
Хроника

Драма во Скопје: Турски државјани возеле во спротивна насока во булевар, полицијата реагираше веднаш!

12/02/2025  16:33

На 11 февруари 2025 година, во 20:50 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Н.Џ.Е. (20) и Б.У. (19), двајцата државјани на Република Турција, откако биле затекнати како се движат во спротивна насока на еден од булеварите во централното подрачје на Скопје.

Тие управувале патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, кое било сопственост на рент-а-кар компанија.

По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, а надлежните служби ја утврдуваат одговорноста за прекршокот.