![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/10/policia-maqedoni-policija-1024x613.jpg)
На 11 февруари 2025 година, во напуштени магацински простории на подрачјето на Гази Баба, полицијата открила значителна количина муниција и експлозивни направи. Акцијата била спроведена од полициски службеници од СВР Скопје, во координација со Единицата за антитероризам и Единицата за службени кучиња, по претходна дојава од граѓанин.
При претресот биле пронајдени 60 куршуми, 10 електрични детонаторски каписли, 11 вежбовни детонатори за рачни бомби и еден топовски удар со барут. Откриените предмети веднаш биле подигнати и предадени на надлежните служби за понатамошна постапка.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, а истрагата е во тек за утврдување на потеклото и намерата за употреба на пронајдените експлозивни средства.