Skip to main content
Музика

Почина пејачката од „Никогаш не е доцна“ на 48 години, ја изгуби борбата со ракот

12/02/2025  15:19

Пејачката Јасна Бошњаковиќ, која се прослави со учеството во мизичката емисија „Никогаш не е доцна“, починала синоќа на 48-годишна возраст во Ужице.

Како што пишуваат српските медиуми, пејачката се борела со рак на крајниците, поради кој летово и се оперирала, но состојбата наеднаш ѝ се влошила.

Веста за ненадејната смрт на пејачката ги погоди нејзините колеги натпреварувачи, како и колегите кои со години работеле со Јасна.

Јасна се прослави по учеството во шоуто „Никогаш не е доцна“, за кое се пријавила на 43 години, а пред натпреварот работела на различни работни места.

По натпреварот Јасна продолжила да се занимава со музика, а и покрај лошата здравствена состојба не се откажала од пеењето, ниту по операцијата.